Инфо

Се воведува зонско паркирање зад ТЦ „Три бисери“

Зонското паркирање ќе важи од 7-23 часот секој ден освен недела

четврток, 16 мај 2019

Зад ТЦ „Три бисери“ во Аеродром ќе се воведе зонсо паркирање и тоа по барање на жителите од тој дел на општината. ЈП „Градски паркинг“ во моментов поставува информативни табли на локацијата што ќе се води како зона Д2.

Условите за паркирање се исти како и за другите зони каде што има воведено вакво паркирање. Работното време на зонското паркирање ќе биде од 7,00 до 23,00 часот секој ден освен недела.

Од Општина Аеродром појаснуваат дека станарите од овој реон, како и од сите други со зонско паркирање во Аеродром ќе можат бесплатно да паркираат по три возила што се водат на иста адреса. Уште една предност за сите регистрирани во системот на зонско паркирање е што ќе можат да се паркираат бесплатно во сите зони на целата територијата на Општина Аеродром.

Жителите од новата зона Д2 можат да аплицираат во повикувачкиот центар што се наоѓа зад ТЦ ‘Бисер’, додека обрасците за пријавување и другите потребни документи и детали се објавени на интернет-страницата на ЈП „Градски паркинг“ http://gradskiparking.com.mk/.

 

Содржината е прочитана 85 пати.