Бизнис клуб

Интерактивно предавање „Ајде да зборуваме за бизнис“ на 4 јуни во Јавна соба

На настанот што е во организација на ММ Ивенти во соработка со Центар за бизнис психологија, системски НЛП-ЈИЕ свои предавања ќе имаат Бланка Лашиќ од Хрватска, Срџан Павловиќ од Србија и Марина Анчевска од Македонија

среда, 15 мај 2019

Интерактивно предавање на тема „Ајде на зборуваме за бизнис - коучинг и лидерство“ ќе се одржи на 4 јуни од 18 до 20 часот во Јавна соба. Предавањето го организира ММ Ивенти во соработка со Центар за бизнис психологија, системски НЛП-ЈИЕ.

Модератор на настанот е Маја Ацески, еден од основачите на ММ Ивенти, признанена во бизнис секторот, НЛП практикант и јогин.

Свои предавања ќе имаат Бланка Лашиќ, основач на компанијата MINIDIST во Хрватска, тренер и консултант, Срџан Павловиќ, основач на CET – Coaching Expert Team во Србија, компанија која се занимава со професионален коучинг, тренинг и консалтинг и Марина Анчевска, основач на првиот НЛП центар во Македонија - Центар за бизнис психологија, системски НЛП-ЈИЕ, меѓународно акредитиран НЛП тренер и коуч.


Зошто организаторот ја избра токму оваа тема? Бидејќи коучингот и во Македонија се повеќе се препознава како алатка за успешно менаџирање на луѓето и процесите и доколку секоја организација или поединец ги користи коучинг техниките, тогаш ќе може свесно да превземе лидерство за својот живот, за работата и за целите кои сака да ги оствари, лични и организациски. 

„Лидерството е секогаш актуелна тема, меѓутоа ние ќе говориме за свесно лидерство! Со овој настан ќе започнеме едно ново движење кое ќе предизвика промени на колективно ниво. Целта е преку организирање на настани, тренинзи и дебати да ги поттикнеме луѓето да ја разбудат страста во себе и свесно да превземат одговорност за личната среќа и задоволство, незаборавајќи ја колективната поврзаност и припадност. Не е доволно да инвестираме во професионалниот и личниот развој. Потребна ни е свесност за менталниот и физичкиот имунитет.Ве покануваме да бидете дел од овој интерактивен настан, да се инспирирате, вмрежите и да бидете дел од нешто поголемо“, вели организаторот.

На предавањето може да присуствува секој поединец што е отворен кон проширување на рамката низ која што се гледа и развива себе си и секој професионалец од било која организација кој сака да дознае за практичноста на коучингот и да го разбуди лидерот во себе.

Сите заинтерсирани за учество треба да се пријават на тел 078 402-762 и 070 379-160 или на адреса contact@centerbpsee.com. Учеството чини 400 денари во кои е вклучен и пијалок.

Програма:

17.30 – 18.00 Регистрација
18.00 – 18.15 Отворање на настанот
18.15 – 18.45 Коучингот како алатка за успех. Интерактивна сесија на која што ќе можете веднаш да ги разберете и почувствувате придобивките од коучингот.
18.45 – 19.15 Лидерство - Професија или стил на живеење? Интерактивна сесија која што ќе го разбуди лидерот во вас.
19.15 – 19.45 Свесно лидерство – Дали би се следеле себе си? Почувствувајте како е да се живее свесно – интерактивна сесија.
19.45 – 20.00 Претставување на нешто големо и значајно!

 

Содржината е прочитана 199 пати.