Бизнис вести

Ерсте банка предвидува забрзан раст на Македонија на среднорочен план

Банката очекува земјава да има раст на БДП од 2,9 проценти оваа година, а во 2020 да достигне 3,3 проценти, со нов раст на инвестициите како клучна разлика во споредба со досегашните трендови

среда, 15 мај 2019

Северна Македонија може да очекува период на забрзан раст на среднорочен план покажува новиот извештај на Ерсте банка. Според Банката, забрзаниот раст ќе следи откако заврши долгогодишиот спор со Грција околу името, а ќе биде поттикнат од крајот на политичката неизвесност, потрошувачката и обновената инвестициска активност на земјата.

Банката очекува земјава да има раст на БДП од 2,9 проценти оваа година, а во 2020 да достигне 3,3 проценти, со нов раст на инвестициите како клучна разлика во споредба со досегашните трендови.

„Јавните инвестиции во 2018 година во голема мера беа во застој поради политичката неизвесност, така што оваа година очекуваме пораст на капиталните инвестиции со интензивирањето на изградбата на автопатите“, се вели во извештајот.

Во извештајот се наведува дека стапката на невработеност ќе се спушти на 20 проценти годинава, а вработеноста ќе достигне близу 53 проценти, кои ќе бидат поткрепени со владини субвенции за работодавачите од приватниот сектор.

Според Банката, триумфот на лево-ориентираниот кандидат Стево Пендаровски во тесната трка за претседател на државата над кандидатот на опозицијата Гордана Силјановска Давкова може де факто да се сфати како став во однос на неодамнешната промена на името на државата, како и посветеноста кон НАТО и ЕУ интеграцијата.
 

Содржината е прочитана 143 пати.