Бизнис вести

„Макпетрол“ ги објави цените на горивата на своите пумпи

понеделник, 13 мај 2019

„Макептрол“ ги информира потрошувачите дека ги објави цените по кои ќе се продаваат горивата на своите бензински пумпи. Во наредниот период нафтените деривати ќе се продаваат по следните цени:

 Ultra 95+ Economy – 71,00 денари за литар
 Ultra 100 Race Pro – 73,00 денари за литар
 Ultra Diesel Green Power – 64,00 денари за литар
 Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 65,00 денари за литар.

„Метологијата по која ’Макпетрол’ ги формираше новите највисоки малопродажни цени на дериватите е светски призната методологија која во себе ги вклучува сите давачки и сите реални трошоци на компаниите“, велат од „Макпетрол“ и додаваат дека како општествено одговорна компанија работат за навремено да ги информираат купувачите и да обезбедат квалитетни горива.

Новите цени се пониски од досегашнте цени и тоа бензините се поевтини за еден, додека дизелот е поскап за 0.5 односно 1 денар. Оттаму, како што велат во „Макпетрол“, неосновани се покажаа стравувањата дека либерализацијата на пазарот на нафтени деривати би предизвикало ценовни шокови, односно, нивно поскапување.
 

Содржината е прочитана 143 пати.