Култура

Саемска промоција на проектот „Доста скролаш – време е за книга“

Проектот „Време е за книга“ кој ќе го претстави издавачот „Бата прес“ е поддржан од Европската унија во рамките на програмата „Креативна Европа“

петок, 10 мај 2019

Денес од 16 до 17 часот во промотивниот центар на Саемот на книгата 2019, издавачот „Бата прес“ пред медиумите и љубителите на книгата ќе го претстави проектот „Време е за книга“, поддржан од Европската унија во рамките на програмата „Креативна Европа“.

Станува збор за објавување книги од десет познати европски автори од различни земји, од кои три се добитници на угледната Европска награда за литература. Делата ќе бидат објавени во текот на оваа и наредната година и ќе бидат ангажирани врвни македонски преведувачи од англиски, чешки, фински, романски, холандски, грчки, полски, шведски, германски и француски јазик.

Проектот „Време е за книга“ е избран со строга селекција во конкуренција на голем број издавачки куќи од Европа, а ќе го претстави Филип Баткоски, директор на издавачката куќа и главен координатор на проектот.
 

Содржината е прочитана 176 пати.