Култура

Промоција на книгата „Битолската Империја на Темјанушките“ од Билјана Јана Божидар

Младата писателка, која е дел од компанијата „Кромберг и Шуберт“ ќе го промовира својот роман на 26 мај во 12 часот во хотелот „Милениум“ во Битола

среда, 08 мај 2019

Младата писателка Билјана Јана Божидар на 26 мај ќе ја промовира својата книга „Битолската Империја на Темјанушките“.

Билјана Шаторова е родена и живее во Битола, а работи во „Кромберг и Шуберт Македонија“. Таа повеќе од една година претставува уште една од 6.500-те алки во синџирот на компанијата, во кој, како што велат оттаму, „таа си има свое место како пријателка, колешка, работник, жена, мајка, инспирација... потврда дека граници не постојат доколку истите не си ги поставиме или замислиме сами...“

Иако Билјана целосно независно и самостојно стои зад креирањето и реализацијата на овој проект, компанијата „Кромберг и Шуберт“ застанува до неа како поддршка, во знак на почит и охрабрување за иницијативата, борбеноста, нејзиниот талент и креативност.

„Романот ’Битолската Империја на Темјанушките’ - од идеа до нов книжевен бисер на македонското литературно небо е сага, сторија, откорната од клетката на душата за да и се восхитуваме, воздивнуваме, тагуваме, се смееме, да се заљубуваме во виолетовата темјанушка... Сага која ни ја враќа вербата во искреноста и љубовта таму што се создава трудот, се вреднува и наградува. Таму каде што си Човек-Империја. Фасцинација од мајчинство, борбеност, непобедливост, несекојдневна хероина која горделиво чекори газејќи ги догмите и принципите на балканската закоравеност“, ќе напише за книгата рецензентката Гордана Такец, писател, адвокат, универзитетски професор, новинар и ТВ водител.

Сагата „Битолската Империја на Темјанушките“ е книга посветена на сите што имаат сон, визија, идеја.

Промоцијата на романот ќе биде во големата сала на хотелот „Милениум“ во Битола со почеток во 12 часот.
 

Содржината е прочитана 203 пати.