Инфо

Од идната грејна сезона се намалуваат сметките за парно

Ќе се намали ДДВ за парното греење и за користењето природен гас од 18 на 5 отсто

четврток, 02 мај 2019

Сметките за парно ќе се намалат од идната грејна сезона, бидејќи ќе се намали ДДВ за парното греење и за користењето природен гас од 18 на 5 отсто.

Премиерот Зоран Заев денеска по состанокот на Интерресорската работна група за животна средина изјави дека оваа мерка е дел од владиниот план за чист воздух и намалување на загадувањето.

Заев смета дека намалувањето на данокот ќе биде дополнителен поттик за граѓаните кои се греат на парно да не се исклучат од системот, но и стимул да се приклучат нови 10.000 корисници. Намалувањето на данокот ќе значи и пониски сметки за парно греење за околу 11 отсто, или за 220 денари месечно, односно 2.600 денари годишно.

„Ќе се намали ДДВ од 18 на 5 проценти за испорака на топлинска енергија и за користење природен гас. Ако на тоа се додаде и евтината тарифа што беше воведена, мерките за намалување на загадување и тоа како ќе дадат резултат“, нагласи Заев.

Директорот на Регулаторната комисја за енергетика Марко Бислимоски најави поедноставени сметки за парното во кои, како што рече, трошокот за ангажирана моќност нема да постои.

 

Содржината е прочитана 175 пати.