Инфо

Нема да се запишуваат првачиња кои не се вакцинирани

четврток, 02 мај 2019

Родителите нема да можат да ги запишат своите деца во прво одделение од оваа учебна година доколку не донесат доказ од вакцинален картон при уписот.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање, како ќе се реализира уписот на основците кој почнува од денес и трае до крајот на месецот, рече дека нема да се отстапува од донесените мерки по прогласената епидимија од морбили.

„Вакцинацијата е задолжителна, тоа е јасно пропишано во законите. Во Законот за основно образование член 46 став 2 е јасно пропишано. Министерството за здравство работи на теренска вакцинација. Министерството за образование е во координација со Министерството за здравство. Мора да се подигне севкупната имунизација на сите граѓани во земјата за да се спречи понатамошно ширење на епидемијата на морбили“, рече Бошњаковски.
 

Содржината е прочитана 96 пати.