Инфо

„Ер Србија“ воведе онлајн чекирање за Скопје и за уште 29 градови во регионот

четврток, 02 мај 2019

Авиокомпанијата „Ер Србија“ воведе онлајн чекирање за Скопје и за уште 29 градови во регионот.

Како што се наведува на сајтот на компанијата, оваа опција е достапна за летовите на „Ер Србија“ чија појдовна точка се Белград, Бања Лука, Подгорица, Сараево, Скопје, Тиват, Тирана, Загреб, Атина, Солун, Софија и Букурешт. Оваа онлајн опција е достапна и за Амстердам, Виена, Венеција, Бејрут, Брисел, Дизелдорф, Франкфурт, Хамбург, Ларнако, Лондон, Милано, Москва, Париз, Прага, Рим, Штудгард, Тел Авив.

Онлајн чекирањето, според компанијата, ќе им олесни на патниците кои веќе нема да мора да доаѓаат на аеродром и да се пријават минимум еден час пред летот за да го обезбедат своето седиште во авионот, туку ќе треба да се пријават преку интернет најрано 36 часа, а најдоцна еден час пред полетувањето.
 

Содржината е прочитана 100 пати.