Култура

Културна трибина „УНЕСКО елемент- Пролетни веселби Х’ДРЕЛЕЗ, вчера, денес и утре“

Трибината е дел од 28. Меѓународен фестивал „Пролетни веселби-Чалакли“, Валандово што се организира со поддршка на Министерствата за култура и УНЕСКО, Националните комисии на Р.Турција и Р.Северна Македонија.

четврток, 02 мај 2019

Денеска, со почеток во 18 часот, на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје ќе се реализира културната трибина „УНЕСКО елемент- Пролетни веселби Х’ДРЕЛЕЗ, вчера, денес и утре“.

Трибината, која е дел од програмските активности на 28. Меѓународен фестивал „Пролетни веселби- ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ- Чалакли“, Валандово е организирана со поддршка на Министерствата за култура и УНЕСКО, Националните комисии на Р.Турција и Р.Северна Македонија.

Панелисти на трибината ќе бидат: проф.др. Метин Екиџи и проф.др. Али Дујмаз од Турција и проф.др. Велика Стојкова- Серафимовска од Северна Македонија, а модератор ќе биде претставник на Ректорската управа на Меѓународниот Балкански Универзитет.

28-миот ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ ќе се реализира од 2 до 6 мај 2019 година, во Скопје, Гостивар (Културен симпозиум), Тетово, Струмица, Валандово (концерти), Башибос (обичаи) и Чалакли (централен настан- фолклорен настап, пеливанство, изложби).

Пролетните веселби „Х’ДРЕЛЕЗ“ од декември 2017 година се впишани во Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото.

Меѓународниот фестивал се реализира со поддршка на Владата и Министерството за култура на Р. Северна Македонија, Министерството за култура и туризам на Р. Турција, Агенцијата за координација и развој- ТИКА и други.

 

Содржината е прочитана 184 пати.