Бизнис вести

Во петок ќе се отпечати последната банкнота од 500 евра

Граѓаните и натаму ќе можат да ги користат постоечките банкноти во апоени од 500 евра за плаќање или за штедење коишто ќе продолжат да бидат законско платежно средство

понеделник, 22 април 2019

Во петок ќе се отпечати последната банкнота од 500 евра. Тогаш Централната банка на Германија (Бундесбанка) и Централната банка на Австрија ќе престанат да ја издаваат оваа банкнота, откако претходно во јануари годинава тоа го сторија 17 централни банки во еврозоната.

Европската централна банка (ЕЦБ) одлучи да го запре издавањето на банконотата воапоен од 500 евра, бидејќи утврди дека поради вредноста и лесниот транспорт оваа банкнтоа се користи за перење пари, но и за финансирање тероризам. Германската и австриската банка беа избрани да продолжат со печатење на банкнотата поради непречена транзиција и од логистички причини.

Граѓаните и натаму ќе можат да ги користат постоечките банкноти во апоени од 500 евра за плаќање или за штедење, бидејќи тие ќе продолжат да бидат законско платежно средство. ЕЦБ соопшти дека банките, менувачниците и другите комерцијални странки ќе можат да ги зачуваат во оптек постоечките банкноти од 500 евра, кои ќе може во секој момент да се заменат во која било банка во еврозоната.

Минатата година над 30 отсто од 1.000 милијарди евра готовина во оптек биле во апоени од 500 евра.
 

Содржината е прочитана 100 пати.