Култура

Саем на книга од 8 до 14 мај во „Борис Трајковски“

петок, 12 април 2019

Годинашниот 31.Саем на книгата ќе се одржи од 8 до 14 мај во ВИП Арената „Борис Трајковски“. Овој пат земја во фокусот ќе биде Унгарија, но ќе учествуваат и издавачки куќи од Србија, Косово и од Албанија. Покрај понудата на изданија со саемски попусти, планирани се и промоции и средби со автори.

„Подготовките се во завршна фаза. Како и секоја година Министерството за култура како покровител на саемската манифестацијата, очекуваме да овозможи поддршка на издавачите, овозможувајќи соодветни услови за промоција на литературата и издавачката дејност на Саемот на книгата 2019. Имајќи го во предвид националниот интерес и значење на Саемот на книгата, очекуваме активно учество на Министерството за култура“, изјави Сања Кондарко, проект-менаџер на Саемот на книгата.

Организаторот очекува голема посетеност како и минатата година кога на оваа манифестација имаше рекордни околу 45.000 посетители.

 

Содржината е прочитана 199 пати.