Бизнис вести

Македонската берза за над 230 отсто го зголеми прометот во март

четврток, 11 април 2019

Македонската берза за 232,30 отсто го зголеми прометот во март годинава во однос на февруари. Податоците на Берзата покажуваат дека во периодот 01.03.-31.03.2019 година вкупниот промет изнесувал 995.462.412 денари.

Класичното тргување изнесува 292.372.091 денари и е зголемено во однос на февруари за 7,17 отсто. Притоа се истргувани акции во вредност од 266.828.391 денари, обврзници во вредност од 14.099.285 денари и останати хартии 11.444.415 денари. Блок трансакциите во март изнесувале 395.615.321 денари и се зголемени за 1.378,66 отсто во однос на февруари.

Во март најмногу се тргувало со акциите на Комерцијална банка со 35,81 отсто учество во прометот, потоа следи Алкалоид АД Скопје со 18,08 и Макпетрол со 12,01 отсто учество во прометот.

Најголем пораст имало на акциите на Уготур од 20 проценти, на Транскоп Патнички сообраќај Битола исто така од 20 отсто и на Европа од 5,58 проценти, додека акции со најголемо опаѓање се акициите на Фустеларко Борец од -28,57 отсто, на Арцелормитал Скопје ХРМ од – 14,29 и на Стопанска банка приоритетни акции од – 12,53 отсто.

 

Содржината е прочитана 160 пати.