Бизнис вести

Дејвид Малпас, нов претседател на Светска банка

понеделник, 08 април 2019

Дејвид Малпас, потсекретар за меѓународни работи во Министерството за финансии на САД е новиот претседател на Светска банка. Неговиот избор беше едногласно потврден од 25 членови на Извршниот одбор на оваа финансиска институција.

Малпас, кој го номинираше американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја врши оваа функција во следните пет години. Меѓу основните задачи во неговото претседателствување ќе биде преземање акции и поддршка на проекти со кои треба да се намали сиромаштијата на глобално ниво.

Дејвид Малпас доаѓа на местото на Џим Јонг Ким, кој на почетокот на оваа година си поднесе оставка, три години пред крајот на мандатот што требаше да му заврши во 2022 година.
 

Содржината е прочитана 115 пати.