Бизнис вести

Во јануари и февруари извозот зголемен за 6,8 проценти во однос на лани

Во првите два месеца од годинава најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и со Италија

петок, 05 април 2019

Во јануари и февруари Република Северна Македонија извезла стоки во вкупна вредност од 58.104.882 илјади денари, што претставува пораст од 6,8 проценти во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока изнесува 76. 641.783 илјади денари, што е за 9,3 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во првите два месеца од годинава најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и со Италија
Трговскиот дефицит изнесува 18.536.901 илјадa денари и покриеноста на увозот со извозот изнесува 75,8 отсто.

Изразено во евра, извозот изнесувал 944.181 илјада евра и бележи пораст од 6,9 отсто во однос на истиот период лани, а увозот бил 1.245.393 илјади евра, што е за 9,4 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Трговскиот дефицит бил 301.212 илјади евра.
 

Содржината е прочитана 136 пати.