Инфо

Бензините поскапуваат за 2,5 до 3 денари, дизелот за половина денар

понеделник, 01 април 2019

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 2,09 проценти, што значи дека со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, а во согласност со методологијата за пресметка на минималните цени, горивата ќе поскапат од 2,5 до три денари, додека дизелот за поливина денар од литар.

Според тоа, еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 68,50 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 70,50 денари.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 61.00 денари за литар.
 

Содржината е прочитана 139 пати.