Бизнис вести

„Марили“ ги избра најуспешните жени менаџери за 2018 година

На 10 најуспешни жени менаџери за 2018 свечено ќе им бидат доделени признаија на манифестација што ќе се одржи во сабота, на 28 март во Дом на АРМ под покровителство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска

вторник, 26 март 2019

Агенција „Марили“ ги избра десетте најуспешни жени менаџери за 2018 година на кои ќе им додели признанија на манифестацијата што ќе се одржи на 28 март 2019 година во Дом на АРМ. Оваа година манифестацијата е под покровителство на вицепремиерот и министер за одбрана, Радмила Шекеринска.

Годинашните лауреатки се:

1 Даниела Адемоска – сопственик и генерален менаџер во Double Tree by Hilton - Скопје
2 Наташа Ангеловска – генерален менаџер на ТРОДАТ-ТРОМАК - Скопје
3 Маја Ацески – продукциски и извршен менаџер на „Златекс“ - Скопје
4 Ивана Ѓоргиевска Матевска – оперативен директор на ХАСЕЛТ - Скопје
5 Марија Секуловска Митревска – генерален менаџер на „Бага Фоод“ - Битола
6 Д-р Даниела Карадаков – директор на Бизнис академија Смилевски - БАС - Скопје
7 Јасна Ажиевска Петрушева – административен извршен директор на Мермерен Комбинат АД Прилеп - Прилеп
8 Викторија Рафајловска – генерален менаџер на „Викторија Боб ДОО“ – Гостивар
9 Нина Шерифовска – извршен директор на „Парк Резиденс“ - Скопје
10 Ирена Минева – полковник - Командант на Воено медицински центар Скопје, АРМ

Изборот на најуспешните менаџерки е направен според веќе воспоставени критериуми. Тие доаѓаат од успешни компании од приватниот сектор од различни области и дејности од целата држава, а беа препорачани од нивните деловни партнери и соработници. Оваа година, почесно се доделува и признание на жена на висока позиција во армискиот состав, прва жена полковник во АРМ.

Свеченоста ќе биде збогатена со културна програма. Манифестацијата свечено ќе ја отвори Весна Гиновска Илкова, сопран во Македонската опера и балет во пијано придружба на Кристина Светиева, а на крајот ќе настапат виолинистката Ева Богоевска и Весна Ангелова Христов како пијано соработник.

Годинава Изборот на најуспешни жени менаџери доби и регионална поддршка. Гости на манифестацијата ќе бидат госпоѓа Слаѓана Обрадовиќ Петровиќ од Србија, организатор на регионалниот настан „Најжена на 21 век“ што се одржува во Белград и госпоѓа Едита Даутовиќ од Црна Гора, претседател на жените претприемачи од оваа држава.
 

Содржината е прочитана 3176 пати.