Здравје/ Убавина

Предавачи на тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“

Ве покануваме да присуствувате на исклучително интересни и актуелни предавања и едукации на тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 30 март (сабота) во Дом на АРМ - Скопје од 10-16 часот

понеделник, 25 март 2019

Предавач: Др Горица Дачевска дерматолог, генерален менаџер на ПЗУ „Др.Горица“ – Скопје
Тема: „Безболно и ефикасно отстранување на вирусни брадавици“

Радио бранови се моментално светска терапија број 1 за безболно бескрвно и естетско беспрекорно отстранување на младежи, брадавици, меки фиброми, капилари и кондиломи.
Овие промени најчесто се јавуваат на вратот, под мишката, горниот дел на телото, очните капаци и на грбот. Промените можат да бидат поединечни но најчесто се повеќе на број. Се сретнуваат кај пациенти од 20 до 50 годишна возраст, а кај децата се ретка појава. Промените се бенигни со вирусно потекло.
Бидејќи овие промени брзо се шират потребно е нивно брзо отстранување. За нивно трајно елиминирање идеално средство се радио брановите. Докажано е дека радио брановите даваат подобри резултати од другите методи, како течен азот, термокаутер и кератолитици
Радио брановите минимално го трауматизираат ткивото, а лузните се незабележливи.



Предавач: Тања Гуржанова, специјалист акушер, гинеколог и IVF специјалист во „Њуборн клиник“
Тема: „Замрзнување на јајце клетка“

Што претставува методата замрзнување на јајни клетки, како се изведува и колку трае. Од кои причини жените треба се одлучат за замрзнување на јајни клетки во помлада возраст, кои се бенефитите од оваа метода?
Замрзнувањето јајни клетки претставува вадење на свежи јајни клетки од телото на жената и нивно чување во замрзната форма за понатамошен третман.
Има повеќе причини поради кои жените се одлучуваат да замрзнат свои јајни клетки. Прво, затоа што сакаат да се посветат на нивната кариера. Жените претприемачи, оние кои работат со стартапи или се искачуваат на корпоративната скала, сакаат да бидат бизнис парнери , или сакаат да завршат факултет, се доведени во ситуација да го одложат забременувањето за подоцна.



Предавач: М-р. Маја Стефкова, директор во Билкарство од „Алкалоид“ – Скопје
Тема: Безбедна употреба на природни производи од продажното портфолио на Билкарство, Алкалоид АД

Природните производи, било да припаѓаат во категорија прехранбени производи, прехранбени производи со здравствени тврдења или додатоци на исхраната, претставуваат комплексни производи.
За безбедна употреба на природни производи од особено значење е истите да бидат произведени со примена на стандарди за квалитет и стандарди за безбедна храна.
Производите од продажното портфолио на Билкарство, „Алкалоид“ АД се произведуваат со примена на стандарди и системи кои обезбедуваат висок квалитет и безбедност при нивна примена.
Во продажното прортфолио влегуваат различни видови производи во облик на чаеви, билни капки, производи на база на пчелини производи.

 



Предавач: Елена Стојановска, уредник и новинар во ТВ Сител
Тема: „Предности на 100 отсто органска козметика од фrанцускот бренд Auriege“

Каква е предноста на 100 отсто органската козметика од францускиот бренд Auriege?
Оваа е единствената козметика која се работи по хроно биолошки часовник
Во салонот за убавина Мисс ЕН се применува специјален Протокол за работа со 100 отсто органската козметика Auriege.
Во Мисс ЕН ви се достапни сите третмани за нега, спој на козметичка линија за совршен изглед на вашето лице и тело. А, тука се наоѓа и тренинг центарот за мадеро терапија, светската хит терапија која се заснова на користење анатомски дрвеи елементи, што овозможува релаксација со природен третман без никакви алергиски реакции на кожата.



Предавач: Бенџамин Перкс претставник на УНИЦЕФ и вршител на должноста постојан координатор на Обединетите Нации во Република Северна Македонија од УНИЦЕФ
Тема: „THE ESSENCE OF ADOLESCENTS – how the teenage brain works - „Природата на адолесцентите - како функционира мозокот во тинејџерската возраст“

Како размислуваат адолесцентите, како функцинира мозокот на еден тинејџер? Тешко ли е да се разберат децата на тинејџерска возраст и како да се реагира во ситуации кога сфаќањата на возрасните и на адолесцентите се дијаметрално различни? Како да се приближат ставовите на родителите и на децата тинејџери?



Предавачи: Ена Норнилд сопственик на салон за убавина Miss En, Марина Анчевска, НЛП тренер од Центар за бизнис психологија ЈИЕ и Кармен Михајлоска, Herbalife Nutrition независен консултант и lifestylecoach
Дебата на тема„Современиот животен стил кај жените“

Современиот животен стил на секоја жена подразбира жонглирање меѓу професионалните и приватните обврски, подеднаква посветеност на професијата и на семејството, но првенствено на себе си. Амбициозната жена треба да ја негува сопствената убавина, надворешна и внатрешна, почнувајќи од негата на лицето и на телото, а притоа да внесе промена во исхраната и да се посвети на личиот развој. Само така ќе може да се справи со сите предизвици.
Како е да се живее помеѓу две култури? Кои се разликите во однос на семејствата, образованието, брачните односи, бизнисот, верувањата и вредностите? Каква е улогата на жената во современото семејство?
Во оваа дебата ќе дискутираме за сите органичувања и можности со кои што се соочува современта жена. Жената на 21 век успешно се докажува на многу полиња. Како и успева и која цена ја плаќа за нејзината амбициозност и сестраност?



Предавач. Ивана Кнез, моден дизајнер и сопственик на модно студи „ДРАМА“ - Скопје
Тема: „Мојата лична приказна на трансформација преку модата“

Со користење на современите медиуми, се обидувам да влијаам на секојдневниот квалитет на живот. Почнувајќи од промени кои ги применувам на себе и со трансформација на моето секојдневие, ќе се обидам да влијаам на идните генерации да го подигнеме стандардот на живеење и свеста за конзумирање


 

 

 

 

Составен дел од тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ ќе бидат и три сертифицирани работилници

Предавач: Горазд Смилевски, сопственик на Бизнис академија Смилевски
Работилница „Тип на личност и кариера“

 

 

 

 

 

 

 

Предавач: Марина Анчевска, сопственик и генерален менаџер на Центар за бизнис психологија Југоисточна Европа и Бојана Стојменовиќ, психолог
Работилница „Работилница за среќа“

 

 

 

 

 

 

Предавач: Илина Ведран, тренер за личен и професионален развој, иснпирациски говорник и автор од „Илина Ведран Академи“
Работилница „Животна алхемија – Од предизвик до внатрешна слобода“

 

Содржината е прочитана 767 пати.