Здравје/ Убавина

„ДАМА-ДА“ ве поканува на предавањето на тема „Замрзнување на јајце клетки“ што ќе го одржи др.Тања Гуржанова од „Њуборн клиник“

Доколку сакате да дознаете многу повеќе околу замрзнувањето јајце клетки, што претставува и како се изведува оваа метода, повелете на тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 30 март во Дом на АРМ од 10-16 часот, каде др Тања Гуржанова, специјалист акушер, гинеколог и IVF специјалист од „Њуборн клиник“ ќе одржи предавање на оваа тема

петок, 22 март 2019

На тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 30 март во Дом на АРМ од 10-16 часот, др. Тања Гуржанова, специјалист акушер, гинеколог и IVF специјалист од „Њуборн клиник“ ќе одржи предавање на тема „Замрзнување на јајце клетки“.

Притоа ќе може да се слушнат детални објаснувања за тоа што претставува методата замрзнување на јајни клетки, како се изведува методата и колку трае, како и за тоа од кои причини жените треба се одлучат за замрзнување на јајни клетки во помлада возраст, но и кои се бенефитите од оваа метода

Замрзнувањето јајни клетки претставува вадење на свежи јајни клетки од телото на жената и нивно чување во замрзната форма за понатамошен третман.

Некои жени ги замрзнуваат јајните клетки затоа што сакаат да се посветат на нивната кариера. Жените претприемачи, оние кои работат со стартапи или се искачуваат на корпоративната скала, сакаат да бидат бизнис парнери , или сакаат да завршат факултет, се доведени во ситуација да го одложат забременувањето за подоцна.
Некои жени се загрижени за своите финансии.

Жените кои ги замрзнуваат своите јајни клетки на 30 години имаат шанса да забременат со помалку циклуси за третман на плодноста, отколку оние кои би користеле „свежи“ јајни клетки на возраст од 40 години, што значи заштедување на нивните финансии.

Јајните клетки можат да се замрзнат и доколку целта е да се подобри здравствената состојба на жената во иднина.

Уште една причина за замрзнување на јајните клетки може да бидат одредени медицински третмани - како што е зрачење или хемотерапија кои може да и наштетат на плодноста. Јајните клетки кои се замрзнати пред третманот може да овозможат да се добијат биолошки деца подоцна.

Замрзнување на јајни клетки во помлада возраст може да помогне да забремените кога сте подготвени.
 
Содржината е прочитана 924 пати.