Здравје/ Убавина

„ДАМА-ДА“ ве поканува да бидете дел од дебатата на тема „Современиот животен стил кај жените“

Тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 30 март во Дом на АРМ од 10-16 часот својата разновидност ја збогатува и со дебата за современата жена, што ќе ја водат Ена Норнилд, сопственик на салонот за убавина „Miss En“, Марина Анчевска, НЛП тренер од Центар за бизнис психологија ЈИЕ и Кармен Михајлоска, Herbalife Nutrition независен консултант и lifestylecoach

четврток, 21 март 2019

Што подразбира современиот животен стил на една жена, што се таа треба да направи, да смени и да примени во сопственото секојдневие исполнето со професионални, но и со приватни обвски за да може да живее современо, да ја прати динамиката на модерниот живот, а истовремено да биде целосно исполнета и задоволна, пред, се со самата себе?

Токму на оаа тема ќе се дебатира на тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 30 март во Дом на АРМ од 10-16 часот. Дебатата насловена „Современиот животен стил кај жените“ ќе ја водат Ена Норнилд, сопственик на салонот за убавина „Miss En“, Марина Анчевска, НЛП тренер од Центар за бизнис психологија ЈИЕ и Кармен Михајлоска, Herbalife Nutrition независен консултант и lifestylecoach

Современиот животен стил на секоја жена подразбира жонглирање меѓу професионалните и приватните обврски, подеднаква посветеност на професијата и на семејството, но првенствено на самата себе си. Амбициозната жена треба да ја негува сопствената убавина, надворешна и внатрешна, почнувајќи од негата на лицето и на телото, а притоа да внесе промена во исхраната и да се посвети на личиот развој. Само така ќе може да се справи со сите предизвици.

Како е да се живее помеѓу две култури? Кои се разликите во однос на семејствата, образованието, брачните односи, бизнисот, верувањата и вредностите? Каква е улогата на жената во современото семејство?

Во оваа дебата ќе дискутираме за сите органичувања и можности со кои што се соочува современта жена. Жената на 21 век успешно се докажува на многу полиња. Како и успева и која цена ја плаќа за нејзината амбициозност и сестраност?

Повелете во сабота на „ДАМА-ДА“ и бидете активен учесник на оваа интересна дебата во која секој може да се пронајде и да даде свое мислење, да го каже личниот став, или, пак, да сподели сопствено искуство.
 

Содржината е прочитана 585 пати.