Здравје/ Убавина

Повелете на „ДАМА-ДА“ на дебата со модниот креатор Ивана Кнез, на тема „Преку мода до трансформација“

На тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 30 март во Дом на АРМ од 10-16 часот концептуалнот моден креатор Ивана Кнез ќе одржи панел дискусија на која ќе ви го пренесе сопственото искуство како со одредени промени применети на себе, се обидува да влијае на подигнување на стандардот на живеење на идните генерации Истовремено, модното студио „Драма“ учествува во интернет наградната игра и доделува исклучителна награда - огрлица од позлатена кожа и корали во вредност од 8.200 денари која ќе биде доделена со извекување на крајот на самиот настан

среда, 20 март 2019

Ивана Кнез, концептуален моден креатор е добро познато име на македонската модна сцена. Таа ќе биде дел од тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се случува на 30 март во Дом на АРМ од 10-16 часот и ќе одржи панел дискусија на тема „Преку мода до трансформција“ на која ќе ви го пренесе сопственото искуство како со одредени промени применети на себе, се обидува да влијае на подигнување на стандардот на живеење на идните генерации.

Со користење на современите медиуми, се обидувам да влијаам на секојдневниот квалитет на живот. Почнувајќи од промени кои ги применувам на себе и со трансформација на моето секојдневие, ќе се обидам да влијаам на идните генерации да го подигнеме стандардот на живеење и свеста за конзумирање.

Ивана Кнез е родена 1985, дипломирана на Академија за фини уметности во Белград кај еминентни професори од Србија. Н македонската сцена е позната по брендовите „Драма“ и „Лавкетс“, а од неодамна и како дизајнер за Сара Фешн.

„Драма“ е бренд за јаки и независни жени низ целиот свет. За свесни жени кои имаат контрола над сопствениот живот и одат кон подоро секој ден.

Водени од љубов се создава бебе брендот на „Драма“ – „Лавкетс“, кои целат кон љубовно утре и со цел се да ја направат модата похумана.

Целта на Ивана е да ја искористи модата како алатка за да го направи ова место подобро место за живеење. Соработува со разни компании низ целиот свет со единствена намера - да се врати хуманоста на луѓето.

 

 

Содржината е прочитана 244 пати.