Здравје/ Убавина

ДАМА-ДА ви го претставува италијанскиот бренд за накит Rebecca

На тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 30 март во Дом на АРМ од 10,00-16,00 часот ќе можете одблиску да се запознаете со егзотиката на Тоскана вткаена во накитот Rebecca, кој на сопствен штанд ќе ви понуди дел од најубавите парчиња од овој бренд што моментално можат да се најдат во Македонија. Истовремено ексклузивната награда MADAMA, ланче од брендот Rebecca е дел од наградите на интернет наградната игра и ќе биде доделена со извлекување на самиот настан

вторник, 19 март 2019

Италијанскиот накит Rebecca ќе биде дел од изложбено-продажниот момент на тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 30 март од 10-16 часот во Дом на АРМ. Тогаш ќе имате убава можност одблиску да се запознаете и да ја доловите егзотиката на Тоскана суптилно вткаена во овој италијански бренд кој на сопствен штанд ќе ви понуди дел од најубавите парчиња од накитот Rebecca кои моментално можат да се најдат во Македонија.

Модерна естетика, 100 отсто италијанско производство, софистицирани дизајни кои би ја освоиле секоја современа дама...Накитот Rebecca пристигна и го освојува пазарот во Македонија. 

Јувелирските техники и уникатниот дизајн на брендот, кој е во чекор со светските трендови, се комбинирани со најиновативните технологии за изработка на накит.

Брендот е познат по своите впечатливи парчиња и динамиката на стилови кои се наменети за урбани дами кои се храбри во експериментирањето со новини и секогаш подготвени за уникатни модни погодоци.

Индустри Teсти С.П.A е италијанска компанија со седиште во Фиренца која произведува и дистрибуира висококвалитетен накит.

100% Made in Italy

Rebecca брендот е синоним за елеганција и креативeн дизајн направен од бронза, челик, бакар, сребро и злато, изработени со користење на најсофистицираните јувелирски техники.

Парчињата накит се подготвуваат на калап од восок на кој се нанесува нерѓосувачки челик (кој најчесто е хипо-алерген и не предизвикува алергиски реакции на кожата), бронза, сребро или 9 и 18 каратно злато.
 
Во седиштето на компанијата во Емполи, Фиренца, годишно се произведуваат околу 500,000 производи и се процесуираат над 10,000 нарачки. Асортиманот на „Industrie Testi“ содржи преку 5500 артикли. За салонот во Скопје пак, се донесени над 1600 од нив, или 18 колекции за жени и една за мажи кои ги задоволуваат и најпробирливите модни вкусови. Наменети се за секојдневни, минимални, едноставни и трендовски модни комбинации, но има и гламурозни примероци соодветни за високата мода.

Познати личности сo парчиња накит од Rebecca 

Накитот го имаат носено планетарно познатите јавни личности: Бијонсе, Ријана, Линзи Лохан, Ева Мендез, Пинк, Бар Рафаели и многу други. Во моментов, заштитно лице е италијанската убавица Федерика Нарџи.

За протагонисти на „Rebecca“ брендот во Македонија, базата во Италија ги одобри естрадните уметнички Каролина Гочева – Корубин, Бесијана Касами – Биг Мама и артистот за коса и шминка Арменд Рамадани. Покрај сопствените линии, “Industrie Testi S.p.A.“ е признаен партнер на многу светски познати мултинационални компании како: Fendi, Gucci, Balenciaga, Yves Saint Laurent, Burberry и други. Иако спаѓа во категоријата на висока селектива, брендот „ Rebecca“ не припаѓа во ценовната категорија на луксузни производи. Ценовната политика на брендот „Rebecca“ е иста насекаде во светот вклучително и во салонот во Скопје.

„Rebecca Macedonia“ е меѓу 50-те flagship продажни салони на брендот во Европа. Стратегијата на компанијата не е ширење во квантитет туку во квалитет.

 

 

Содржината е прочитана 328 пати.