Здравје/ Убавина

„ДАМА-ДА“ ви го претставува лебот без брашно „Тонус“ на „Жито Центар“

„Жито Центар“, единствената лиценцирана фирма за производство на лебот „Тонус“ ќе има свој штанд на тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 30 март во Дом на АРМ на кој ќе го претстави својот богат асортиман лебови произведени без присуство на хемиски додатоци

понеделник, 18 март 2019

Фирмата „Жито Центар“ ќе биде присутна на тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 30 март во Дом на АРМ од 10-16 часот, каде на изложбено-продажниот дел ќе има свој штанд на кој ќе го претстави сопствениот исклучително богат асортиман „Тонус“ лебови произведени без брашно.

„Жито Центар“ ДОО со години наназад претставува лидер во производството на леб и бели печива, а воедно е и единствена лиценцирана фирма за производство на „Тонус“ леб на територија на цела држава.

Нашиот леб „Тонус“ е произведен без брашно, од цели зрна пченица, кои се претходно пречистени и специјално обработени според посебната технологија на рускиот научник Владимир Антонов, кој се јавува како автор на соодветниот патент. Посебноста на овој вид леб е непостоењето на никакво присуство на хемиски додатоци, токму поради што и самиот рок на овој леб е 10 дена.

Целта е во Република Северна Македонија да се донесе еден производ кој ќе го надополни здравиот начин на живеење во оваа урбана средина. Тоа тврдење е благодарение на низата направени анализи кои покажаа висока соржина на протеини, хранливи влакна, железо, фосфор, магнезиум и витамини од Б групата, како и витамин Е.


Богатата содржина на хранливи влакна кои спаѓаат во групата на т.н. балансни материи го прават лебот „Тонус“ погоден за лица со нарушена функција на метаболизмот, а потпомагаат и за добро варење на храната. Присуството на железо придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, додека, пак, присуството на фосфор обезбедува одржување на нормалната функција на клеточните мембрани. Магнезиумот претставува анти-алергиски и анти-воспалителен фактор, а присуството на витамини од групата Б придонесува за поголема енергија. Витаминот Е претставува јак антиоксиданс.
Цела оваа комплексна структура на состојки е да му дадат стимул на организмот за негово правилно функционирање и токму тие состојки се вклопени во парче „Тонус“. Поради тоа, секојдневното конзумирање „Тонус“ леб претставува грижа за себе. Во овој брз начин на живот „Тонус“ е совршен производ кој се вклопува во урбаната заедница, а претставува елемент на здравиот начин на живеење.

Во асортиманот на производи се вклучени: „Тонус“ стандард, „Тонус“ црно семе, „Тонус“ микс семки, „Тонус“ ‘ржан, „Тонус“ без квасец.

Во текот на овој месец ќе стартуваме и нови два вида леб, а тоа се: „Тонус“ темен и „Тонус“ пченкарен.

 

Содржината е прочитана 238 пати.