Здравје/ Убавина

ДАМА-ДА ви ги препорачува производите на Herbalife Nutrition, познат глобален нутриционистички бренд

На тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се оджи на 30 март во Дом на АРМ може да се вкучите во дебата за современиот животен стил на жените, на која независниот консултант на Herbalife Nutrition, Кармен Михајлоска ќе зборува за подобрувањето на сите аспекти на животот вклучувајќи ја и исхраната

понеделник, 11 март 2019

Дебата насловена „Современиот животен стил на жените“ ќе се одржи на тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современта жена“ којшто на 30 март ќе се одвива во Дом на АРМ од 10-16 часот. На дебатата присутните ќе имаат ексклузивна можност интерактивно да се вклучат во дискусијата околу тоа што подразбира животниот стил на една современа жена, почнувајќи од врвната исхрана, преку негувањето на убавината, па се до личниот развој.

Независниот консултант на Herbalife Nutrition, Кармен Михајлоска ќе зборува за можноста за промена на животниот стил почнувајќи со промената во исхраната и тоа со примена на производите на познатиот глобален нутриционистички бренд Herbalife Nutrition.

Која е мисијата и визијата на Herbalife Nutrition?

- Го менуваме животот на луѓето со врвна исхрана и неверојатна можност за промена на животниот стил.
Која е вредноста на Herbalife Nutrition?
- Нашите производи, нашите задоволни клиенти и членови, нашата заедница, нашата работа, етика, интегритет, тимска средина, квалитетни односи, начин на размислување, став и баланс меѓу животот и работата.

Кога работата ти е, всушност, патот до промена

Родена во Словенија, по професија преведувач по англиски и француски јазик, на само 21 година, уште бев студентка, ме освои визијата на еден млад човек, кој поради една животна трагедија гореше од желба да им помага на луѓето во целиот свет да живеат здраво и среќно!

Ни на сон не можев да претпоставам дека само поради неколку килограми вишок што ги имав во тој момент, патот ќе ме доведе во компанија која со своите врвни производи, со неверојатната можност за промена на животниот стил и едукациите на врвно светско ниво, ќе се погрижи за fine tuning на мојот комплетен животен стил. И на мое огромно задоволство, сето тоа да можам да го пренесувам на илјадници луѓе со цел да ги инспирирам и тие да си го подобрат животот на секое можно поле.

Од првата едукација пред точно 27 години до денес во константен процес на работа на себе, подобрување на сите аспекти на животот, од грижа за себе и своето тело, ум, енергија, емоција - до постојана инспирација за другите, и тие да тргнат по патот на промена.
Поради програмите и навиките што ги имаме усвоено од детство, најмногу од своите родители и заедницата во која живееме, по почетната инспирација, патот на промена знае да биде голем предизвик. 

Полесно е да го изодиш со помош на некој што веќе го има поминато истиот процес. Затоа сме ние тука, како консултанти, како некој што инспирира, мотивира, покажува со пример и не се откажува од луѓето без оглед на тоа во какви животни ситуации се наоѓаат. Всушност, моментите на инспирација и очај се идеални ситуации за донесување големи одлуки кои сосем ќе го сменат правецот во кој се движиме. Во многу подобра насока.
 
Гордост е да бидеш дел од едно огромно движење започнато уште во 1980 година од еден млад човек со визија дека луѓето имаат право да живеат здраво, активно, да се финансиски независни, да се среќни, исполнети и во баланс меѓу работата и животот. Таа моќна приказна ме допре уште првиот ден. Не можев ни да замислам да не сум дел од неа. Денес, таа компанија, која котира на Њујоршка берза, е присутна во речиси 100 земји во светот, со над 7,5 милијарди долари годишен промет, со план за огромна експанзија во следните 10 години.Во последниве години, поради недостиг на време, најголем предизвик станува добар оброк, со квалитетни состојки, а пристојна цена. Нешто што ќе ни даде енергија, а нема да биде многу калорично, со оглед што и без тоа не сме доволно физички активни. Во комбинација со други добри навики во исхраната и зголемена физичка активност, не можете ни да претпоставите колку добро ќе се чувствувате, колку добро може да ви се вклопи во секојдневната традиционална исхрана, да ви заштеди време и пари, а притоа да сте сосема сигурни дека зад овие производи стои врвна наука и технологија.

Компанијата Herbalife Nutrition, познат глобален нутриционистички бренд веќе 39 години стои зад целиот проект од семе до производ, а ние, независните членови се грижиме секој наш клиент да добие врвна услуга, индивидуален пристап и максимална поддршка во остварување на неговите цели.

Сите сме возбудени што во последните години на пазарот излезе врвна спортска линија Herbalife24, концепт на здрав, избаласниран појадок за секого, нови шејкови погодни за вегани и безглутенски шејкови за луѓе со префинети потреби.

 

Содржината е прочитана 536 пати.