Здравје/ Убавина

„ДАМА-ДА“ ви го претставува сапунот од козјо млеко „Стојневи“

Компанијата „Стојневи“, во чиј семеен погон се прави природниот сапун од козјо млеко ќе биде дел од тематскиот ден „ДАМА-ДА“ на 30 март 2019 во Дом на АРМ со свој штанд каде ќе ги изложи сапуните и притоа ќе може да се добијт детални информации за тоа што, всушност, претставува овој производ, што содржи и какви дерматолошки проблеми решава

четврток, 07 март 2019

Семејството Стојневи, кое долги години се занимава со производство на органска храна, но со сопствено автохтоно семе, веќе извесен период произведува и природен и лековит сапун од козјо млеко.

Основата при производсвото на овој сапун е неговото создавање низ ладен процес, при што во него остануваат сите лековити и корисни состојки од свежото козјо млеко и од ладно цедените органски масла за јадење, како што се кокосовото и маслиновото масло. Квалитетот и исправноста на сапунот се испитани во Институтот за јавно здравје – Скопје и тој ги исполнува критериумите за микробиолошка и хемиска чистота како козметички производ.

Сапунот од козјо млеко е исклучително благотворен за сите возрасти, бидејќи изобилува со разни витамини.Така, содржи витамини Е, А, Б6 и Б12 кои ја омекнуваат кожата и ја враќаат еластичноста и влажноста и нежно ја смируваат од секакви воспалителни процеси. А, комбинацијата на ладно цедените и органски масла кои изобилуваат со витамините А, Д, Е и К, минералите: калциум, фосфор, натриум, калиум и железо, омега-3 и омега-6 масните киселини, како и антиоксидансите што ги содржи во себе ја хранат кожата, го забавуваат нејзиното стареење, ја забрзуваат регенерацијата и ја прават витална и еластична.

Сапунот од козјо млеко „Стојневи“ е наменет за сите генерации, за секој тип на кожа и за нега на целото тело и коса. Со еден збор, во него се содржат сите природни, органски елементи заедно, а што е најважно, нема ниту капка хемија, ниту трага од хемиски третиран процес.

Редовното користење на сапунот од козјо млеко може да помогне во намалување на воспаленија на кожата. Козјото млеко е богато со алфа хидроксилни киселини кои ги отстрануваат мртвите клетки од кожата и го потикнуваат растењето нови и здрави клетки. Посебно се препорачува на луѓето со испукана и сува кожа, како и на луѓе оболени од егзема, псоријаза, себореа. 

Алкален е, Ph вредноста му е повисока од Ph на нашата кожа, но, бидејќи кожата има својство да се обновува, таа во период од неколку минути ја средува разликата и тоа без да се користи хемија. Има неутрален мирис, бидејќи не содржи никакви есенцијални масла, за да се спречи евентуална несакана алергиска реакција. Употребата на сапунот нема апсолутно никаков негативен ефект.

Сапунот од козјо млеко „Стојневи“ ја штити кожата од штетните ултравиолетови сончеви зраци, бидејќи содржи селен. Токму поради тоа се препорарува да се употребува особено во летниот период, кога UV зраците делуваат штетно врз кожата при што се создаваат црвенила, а многу често и изгореници. Со употребата на овој природен лековит сапун алергените симптоми и изгорениците брзо ќе се намалат и ќе ги снема од кожата, а таа ќе го врати својот природен, еластичен и нежен изглед.

Исто така, сапунот своето благотворно својство го покажува и по нанесување на заштитните креми за сончање, односно по сончањето, кога со миењето со овој сапун ќе се исчисти и хидрира кожата со што претставува доволен заштитен слој за да не мора да се нанесуваат дополнителни хидратантни млека за после сончање. Тоа значи дека сапунот може да се нанесе и како влажна крема, без плакнење, со што ефектите се поголеми и побрзи.

Сапунот од козјо млеко „Стојневи“ може да се најде во ДМ маркети, во аптеките „Виола Трејд“, „Ника Фарм“, „Мента Фарм“ аптеки во Прилеп, во продавницата за здрава храна „Мар Вик“, како и во козметичките студија „Жанета Естетик“ и „Halo Beauty“.
 
Содржината е прочитана 372 пати.