Инфо

Заев: „Со повратот на ДДВ граѓаните ќе добијат меѓу 60 и 100 милиони евра годишно“

Повратот на 15 отсто од ДДВ ќе стартува на 1 јули годинава, а право на поврат ќе има секој со над 15 години и со важечка лична карта

вторник, 05 март 2019

Меѓу 60 и 100 милиони евра годишно очекува премиерот Зоран Заев да добијат граѓаните откако на 1 јули ќе стартува повратот на 15 отсто од ДДВ.

„Ќе имаме одличен систем и очекувањата се дека граѓаните ќе добијат меѓу 60 до 100 милиони евра годишно на самиот старт, а зависно од процентот на успешност, толку повеќе ќе растат и вкупните пари што ќе одат кај граѓаните, но и во буџетот“, рече Заев, додавајќи дека доцна синоќа имал состанок со претставници на Министерството за финансии и на Управата за јавни приходи.

Право на поврат ќе има секој кој има над 15 години и важечка лична карта, но премиерот не откри повеќе детали околу овој проект. Затоа, пак, рече дека со воведувањето на повратот на ДДВ се очекува граѓаните сами да бидат контролори и да добијат значителни приноси, но и да се подобри наплатата на ДДВ, каде загубите сега се движат до 30 милиони евра, а штетата е уште поголема поради создавањето нелојална конкуренција.

„Проектот е заснован на дигитализација со современ начин на наплата. Ќе игра телефонот со секој граѓанин буквално. Секој ќе може да се регистрира. Дури и дете под 15 години ќе може да го направи тоа лесно“, рече Заев.
 

Содржината е прочитана 153 пати.