Здравје/ Убавина

Повелете на ДАМА-ДА на работилницата „Животна алхемија – Од предизвик до внатрешна слобода“

На тематскиот ден што ќе се одржи на 30 март во Дом на АРМ, Илина Ведран, тенер за личен и професионален развој, инспирациски говорник и автор ќе одржи сертифицирана работилница на која ќе ви помогне да го пронајдете балансот внатре во себе и да ја зголемите својата свесност за мислите кои ве ограничуваат да допрете до својот највисок потенцијал

вторник, 05 март 2019

Тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“, што ќе се одржи на 30 март во Дом на АРМ ви нуди извонредна можност да бидете дел од работилницата „Животна алхемија – од предизвик до внатрешна слобода“ што ќе ја води Илина Ведран од „Илина Ведра Академи“.

Илина Ведран е тренер за личен и професионален развој, инспирациски говорник и автор на две книги „Заврти нова страница во својот живот“ и „Јас сум љубов“ - афирмации за деца и родители.

За време на оваа работилница ќе поминеме низ внатрешен процес кој ќе ни помогне да развиеме свесност за она што се случува во нас и како сето тоа се одрзува во нашата реалност на полето на врските, кариерата, финансиите и здравјето.

Денеска живееме во време кое е полно со предизвици и поради тоа многу луѓе секојдневно се соочуваат со стрес кој се рефлектира на секое поле во нивниот живот. Често се обидуваме да ги промениме околностите и сето тоа е безуспешно и исцрпувачки, бидејќи вистинскиот предизвик не се наоѓа надвор од нас, туку во нашиот ум и идејата која ја имаме во врска со ситуацијата. 

Темите на оваа работилница се:
- Од каде доаѓаат мислите и зошто цврсто се држиме за своите верувања
- Зошто е важно да ги спознаеме обрасците на размислување
- Како да се носиме со емотивните предизвици и да ја промениме реакцијата на одредени случувања
- Кој ни се обраќа преку внатрешниот говор
- Препознавање на своето вистинско ЈАС и почетокот на внатрешниот мир
- Моќта на сегашниот момент

За време на оваа работилница ќе искусите вежби кои ќе ви помогнат да го пронајдете балансот внатре во себе и да ја зголемите својата свесност за мислите кои ве ограничуваат да допрете до својот највисок потенцијал.
Без разлика дали вашата намера е да напредувате во својата кариера, да бидете подобар родител или партнер, да се ослободите од стресот на секојдневието или сте во потрага по нешто повеќе во животот, оваа работилница може да ве поттикне да ги пронајдете вашите одговори.

„Ништо нема никакво значење се додека ние не му дадеме“

Сите учесници во работилницата ќе се стекнат со сертификат за активно учество.

Работилницата ќе трае 90 минути, цената за учество изнесува 300 денари, односно три купени влезници од по 100,00 денари за тематскиот ден ДАМА-ДА. Собраните средства од оваа работилница се наменети како хуманитарна донација за Специјалниот завод во Демир Капија.

Сите заинтересирани за учество во работлницата да се пријават во агенција „Марили“ на маил адреса marili@marili.com.mk
 

Содржината е прочитана 738 пати.