Инфо

Бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар од литар

понеделник, 04 март 2019

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на горивата ќе се зголемат во просек за 2,24 проценти, одлучи Регулаторнаа комисија за енергетика. Според РКЕ, бензините ќе поскапат за два, а дизелот за еден денар од литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР-95 ќе изнесува 64,50 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР-98 ќе биде 66,50 денари литар.

Еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава за 61 денар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 49,50 денари за литар.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,619 денари и ќе изнесува 32,847 денари за килограм.
 

Содржината е прочитана 168 пати.