Здравје/ Убавина

ДАМА-ДА ве поканува на работилница „Тип на личност и кариерни можности“

Сертифицираната работилницата за идентификување на типот на личност според теоријата на MBTI и разјаснување на кариерните патеки и можности согласно MBTI типологијата, ќе ја држи м-р Горазд Смилевски, сопственик на Бизнис академија Смилевски

петок, 01 март 2019

Горазд Смилевски од Бизнис академија Смилевски (БАС) на тематскиот ден ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 30 март во Дом на АРМ ќе одржи сертифицирана работилница на тема „Тип на личност и кариерни можности“.

Типот на личност во голема мера може да влијае во изборот на животната професија, како и на задоволството од работата и работната позиција. Освестувањето на карактеристиките на типот на личност е од голема полза при планирањето на образованието, идната професија и кариерна патека на секој човек. Разбирањето на личните мотиватори и стресори е клучен елемент во одржувањето здрав и продуктивен професионален живот.

Работилница за идентификување на типот на личност според теоријата на MBTI и разјаснување на кариерните патеки и можности согласно MBTI типологијата.

Учесниците во работилницата ќе направат самопроценка на својот тип на личност според доминантни преференци и ќе добијат увид во најчесто избираните професии и кариерни патеки. Ќе ги воочат и разберат главните работни мотиватори поврзани со својот тип на личност, како и стресорите кои ја намалуваат мотивацијата на работното место.

Секој учесник ќе добие општ писмен осврт за својот тип на личност, како и писмени осврти за избор на професија и лични стресори.

Сите учесници во работилницата ќе се стекнат со сертификат за активно учество.

Работилницата ќе трае 90 минути, цената за учество изнесува 300 денари, односно три купени влезници од по 100,00 денари за тематскиот ден ДАМА-ДА. Собраните средства од оваа работилница се наменети како хуманитарна донација за Специјалниот завод во Демир Капија.

Сите заинтересирани да се пријават во агенција „Марили“ на маил адреса marili@marili.com.mk

 

Содржината е прочитана 572 пати.