Здравје/ Убавина

Работилница за среќа на ДАМА-ДА

Сертифицираната работилница што ќе ја води Марина Анчевска е дел од тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што во организација на агенција „Марили“ ќе се одржи на 30 март 2019 во Дом на АРМ

вторник, 26 февруари 2019

На тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 30 март во Дом на АРМ ќе се одржи сертифицирана работилница насловена како „Работилница за среќа“ што ќе ја води Марина Анчевска, еден од најпознатите НЛП тренери, мотивиациски и конференциски говорник.

Колку често во животот сте нашле детелинка со четири ливчиња? Дали се уште ви се случува да се наведнете и да побарате, или одамна се откажавте?

Дали за да почувствуваме среќа треба првин да ја побараме, па да ја најдеме?

Сите ние мечтаеме кон некаква рамнотежа и секако дека не е секогаш лесно и едноставно да ја одржиме.

Бидејќи во иднината, минатото е секогаш присутно, ние живееме напред, меѓутоа, разбираме наназад. Но, за да се разберете себеси, најпрво, откријте ги четирите полиња кои што ја градат целината:

Ментално поле, поле на телото, поле на енергија и поле на душата.

Откријте што е тоа што треба да го направите и од кое поле може да почнете.

Дали надворешните тригери, околината, луѓето предизвикуваат дисбаланс во вашата детелинка на среќа или, пак, тригерот доаѓа од внатре?

Во позадина на однесувањето, дејствувањето, мотивацијата, одлучувањето, како и сите други секојдневни лични и професионални процеси, се испреплетени сите динамики на семејните системи од каде што доаѓаме.
Откривањето, разбирањето и разрешувањето на несвесните обрасци, односно, динамики во било кој тип на системска релација, може да креира значајна промена во перцепцијата, однесувањето и дејствувањето.

Марина Анчевска е основач на Центарот за бизнис психологија кој што е воедно и првиот акредитиран НЛП центар во Македонија (2007). Како единствен Системски НЛП центар на Балканот, преку акредитираната НЛП едукација, ви овозможуваме поинаков и уникатен процес на личен и професионален развој.

Марина е меѓународно акредитиран НЛП тренер, коуч, јога учител, мотивациски и конференциски говорник. Во 2017 година ја издаде својата прва книга „Едноставно јас“.

Бидете дел од оваа практична и интерактивна работилница и почувствувајте како може овој системски пристап да ја разбуди среќата во вас.

Работилницата ќе трае 90 минути, а по завршувањето сите учесници ќе добијат сертификат за учество на работилница за личен и професионален развој.

Цена за работилницата е 300 денари, односно три купени влезници од по 100,00 денари за тематскиот ден „ДАМА-ДА“. Собраните средства од оваа работилница се наменети како хуманитарна донација за Специјалниот завод во Демир Капија.


Сите заинтересирани за учество на работилницата да се пријават во агенција „Марили“ на маил адреса marili@marili.com.mk .
 

Содржината е прочитана 812 пати.