Здравје/ Убавина

„ДАМА-ДА“ ви го претставува предавањето на др Горица Дачевска на тема „Безболно отстранување младежи и брадавици со радиобранови“

На тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 30 март 2019 во Дом на АРМ свое предавање во областа на дерматологијата ќе има д-р Горица Дачевска од ПЗУ „Др. Горица“ од Скопје

петок, 22 февруари 2019

Во приватната дерматолошка ординација „Др. Горица“ од Скопје, со употреба на радиобранови, моментно светска терапија број 1, безболно, бескрвно и естетски беспрекорно се отстрануваат младежи, брадавици, меки фиброми, капилари и кондиломи.

Радиобрановите даваат подобри резултати од другите методи, рецидивите се ретки, а процентот на излекување е 97 отсто.

Отстранувањето на брадавиците е безболно, при што се користи анестезија во форма на крем, а потребен е само еден третман. Радиобрановите минимално го трауматизираат ткивото, а лузните се незабележливи. Методот е безбеден и бескрвен, а пациентите немаат чувство дека се подложени на хируршки зафат. Брадавиците околу очите може да се отстранат без каков било ризик за очите.

Но, освен отстранувањето младежи и брадавици, во ПЗУ „Др.Горица“, покрај решавањето разни дерматолошки проблеми со примена на најсовремени методи, се врши и отстранување на целулит со лимфна дренажа.

Решавање на проблемите со целулитот се врши преку методот наречен CFC LD (Cerviko Femoralna Cruralna Limfna Drenaza), создаден од брачниот пар Годое и Годое од Сао Паоло.

Ефекти што се постигнуваат со помош на лимфна дренажа:
• ефикасна детоксикација на организмот
• подобрување на венската циркулација
• превенција и ублажување на отокот што настанува поради силата на гравитацијата
• отстранување на тегобите кај уморни нозе
• подобра исхрана и регенерација на ткивото
• превенција и отстранување на целулитот
• подобрување на вкупната состојба на имунолошкиот систем

Методот CFC LD се разликува од антицелулитните масажи по повеќе нешта. Така, меѓу другото, овој метод е заснован врз етиопатогенезата на целулитот и се состои од неколку фази, во зависност од типот целулит што се отстранува, а кај секој клиент се прави индивидуалн протокол. Овие масажи се безболни и пријатни, без појава на хематоми, притоа се елиминира вишокот вода од масните келии, екстрацелуларниот простор и од лимфниот систем, се намалува воспалението на ретикуларните влакна. Истовремено го регенерира оштетеното сврзливо ткиво и дава побрзи видливи ефекти.
 

Содржината е прочитана 2365 пати.