Бизнис вести

Централен регистар: Наближува рокот за поднесување завршни сметки

Приемот на годишни сметки и на финансиски извештаи за 2018 година во хартиена форма ќе биде во деновите 26, 27 и 28.02.2019 , додека поднесувањето во електронска форма е на 15.03.2019 од 08:00 до 21:00 часот

четврток, 21 февруари 2019

Централниот регистар ги потсетува фирмите и други субјекти дека наближува рокот за поднесување на завршната годишна сметка и на финансискиот извештај за 2018 година.

Приемот на годишни сметки и на финансиски извештаи за 2018 година во хартиена форма ќе биде во деновите 26.02.2019 (вторник), 27.02.2019 (среда) и 28.02.2019 (четврток), додека поднесувањето во електронска форма е на 15.03.2019 (петок) од 08:00 до 21:00 часот.

„Микро и мали субјекти кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15.03.2019 година“, велат од Централниот регистар.

Правните субјекти во градовите во кои Регистарот нема свои канцеларии ќе може да ги поднесат документите во објектот на Општина Кратово, во објектот на Општина Демир Хисар и во објектот на Уни банка во Крушево.

 

Содржината е прочитана 209 пати.