Бизнис вести

Со 130.703 денари воздухопловството е дејноста со највисоки плати

четврток, 21 февруари 2019

Програмер не е веќе најплатената професија во нашата држава. Со 130.703денари воздухопловството е дејноста со највисоки плати, според последните податоци на Државниот завод за статистика за просечната нето плата.

Потоа следува програмирање со 75,546 денари, на третото место се најдоа дејности за изнајмување и давање под закуп, лизинг, со 73,800 денари, следуваат спортски, забавни и рекреативни дејности со 70, 293 денари, а на петто место се телекомуникациите со просечна нето плата од 51,800 денари.
 

Содржината е прочитана 99 пати.