Инфо

Од полноќ во Грција се влегува само со пасош, белите листови не важат

Грчките гранични полицајци ставаат печати директно во пасошите на кои на излез од земјава нашата гранична полиција става печат на кој на македонски, англиски и на француски јазик пишува дека патната исправа е во сопственост на Република Северна Македонија

четврток, 21 февруари 2019

Од ноќеска на полноќ македонските граѓани при влез во Грција користат само пасош, додека белите листови на кои до вчера грчките гранични полицајци ставаа печати веќе не се користат. Сега печатите се ставаат директно во пасошите на кои на излез од земјава нашата гранична полиција става печат на кој на македонски, англиски и на француски јазик пишува дека патната исправа е во сопственост на Република Северна Македонија.

Новите правила што произлегоа од Преспанскиот договор грчките погранични служби почнаа да ги применуваат една недела откако на граничниот премин Богородица беше поставена таблата со новото уставно име на нашата земја.

Печати со Република Северна Македонија засега ги има само на граничните премини со Грција, додека граѓаните кои патуваат во Србија, Бугарија, Косово и Албанија се уште не добиле печат со новото име. Од МВР велат дека подготовките се во тек и оти наскоро ќе бидат доставени печати на сите гранични премини.

Според најавите од МВР, лични карти и патни исправи со новото уставно име на земјава ќе почнат да се издаваат кон крајот на годинава.
 

Содржината е прочитана 238 пати.