Инфо

Зимското и летното сметање на времето ќе се укине во 2020 година

среда, 20 февруари 2019

Укинувањето на полугодишното поместување на часовниците ќе стапи на сила од 2020 година, а не на 31 март оваа година, како што предложи Европската комисија. Ваква одлука донесе Одборот за индустрија, истражувања и енергетика на Европскиот Парламент, кој го усвои законодавното мислење за предлог директивата за укинување на полугодишното поместување на часовниците.

Одборот го усвои амандманот на пратеникот Давор Шкрлец од Зелените, кој предложи поместувањето на стрелките на часовниците да запре на 31 март 2020 поради, како што рече бројни проблеми за кои треба време да се решат.

„Поради низа потенцијални проблеми, со ваквото укинување треба да се почека. Директивата би требало да се применува од 1 април 2020, така што одредбите би стапиле на сила во сите земји членки на 31 март 2020“, се вели во соопштението.
Во последната анкета, дури 84 проценти од жителите на земјите членки на Европската унија се изјаснија против зимското и летно сметање на времето и поместување за еден час нанапред или наназад на часовниците два пати годишно .

 

Содржината е прочитана 156 пати.