Бизнис вести

Зголемен прометот во индустријата

петок, 15 февруари 2019

Раст од 12,5 проценти забележал прометот во индустријата во 2018 во однос на 2017 година, додека само во декември прометот на индустријата бил зголемен за 6,1 отст во однос на истиот месец претходната година, објави Државиот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, вкупниот промет во индустријата во декември 2018 година во однос на декември 2017 бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,3 отсто и кај Капитални производи за 19,1 процент, додека опаѓање има кај Трајни производи за широка потрошувачка за 8,7 отсто и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,9.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во декември лани е намален за 5,2 отсто во однос на декември 2017 и бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 проценти, а опаѓање кај Капитални производи за 38,5 проценти. Прометот во индустријата на домашниот пазар во периодот јануари – декември 2018 година во однос на истиот период 2017 бележи раст од 1,4 проценти.

Прометот во индустријата на странските пазари, пак, во декември лани во однос на декември 2017 е зголемен за 0,9 отсто. Раст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,9 проценти, кај Капитални производи за 21,9 отсто и кај Трајни производи за широка потрошувачка за 5,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 отсто. Прометот во индустријата на странските пазари во периодот јануари – декември 2018 година во однос на јануари – декември 2017 година бележи зголемување за 115,7 проценти.

 

Содржината е прочитана 224 пати.