Инфо

Француска компанија ќе го управува белградскиот аеродром следните 25 години

Аеродромот „Никола Тесла“ останува во сопственост на своите акционери, меѓу кои државата Србија е мнозински сопственик со 83,5 отсто од акциите

четврток, 14 февруари 2019

Француската компанија „Винчи Ерпортс Сербија“ го презеде управувањето со белградскиот аеродром „Никола Тесла“ со концесија на 25 години за време на кои Србија, како мнозински сопственик ќе оствари вкупна добивка од околу 1,5 милијарди евра, од кои директните инвестиции во инфраструктурата изнесуваат околу 730 милиони евра.

Аеродромот „Никола Тесла“ останува во сопственост на своите акционери, меѓу кои државата Србија е мнозински сопственик со 83,5 отсто од акциите.

Како што е најавено, аеродромот ќе биде центар на француската компанија за Југоисточна Европа, од каде ќе го развива меѓународниот сообраќај, пред се интерконтинентални летови.

Пренесено од МИА
 

Содржината е прочитана 142 пати.