Инфо

Полнач за електрични автомобили поставен во подземниот паркинг на Скопје Сити Мол

Полначот се наоѓа во жолтата зона на подземната гаража и на граѓаните им нуди можност за бесплатно полнење и паркирање на автомобилот за време на престојот во шопинг центарот

среда, 13 февруари 2019

Во подземниот паркинг на Скопје Сити Мол е поставена станица за полнење на електрични и приклучни хибридни возила. Со тоа Скопје Сити Мол е првиот шопинг центар со полнач на автомобили.

Полначот се наоѓа во жолтата зона на подземната гаража и на граѓаните им нуди можност за бесплатно полнење и паркирање на автомобилот за време на престојот во шопинг центарот. Сопствениците на електрични возила кои сакаат да ја користат станицата треба претходно поднесат барање за електронска картичка за полнење и за картичка за паркинг. Барањата за двете картички можат да се поднесат во Скопје Сити Мол на е-маил адресата parking@skopjecitymall.mk . За повеќе информации сите заинтересирани можат да се обратат во контакт центарот на Скопје Сити Мол на телелефон 072/256-913.

„Скопје Сити Мол, како најголем шопинг центар во Македонија и регионот уште еднаш покажа дека е лидер во своето работење. Од денеска официјално сакаме да ја известиме јавноста дека секој кој поседува електричен автомобил може истоит да го полни во Скопје Сити Мол, без надомест. Голема благодарност до ЕВН што ја препознаа потребата да се постави ваков полнач во Скопје Сити Мол, со оглед на тоа што електромобилните возила се иднината на автомобилската индустрија знаејќи дека овој тренд полека но сигурно доаѓа кај нас и во регионот“– изјави Валентина Николовска менаџер за комерцијализација на Скопје Сити Мол.

ЕВН продолжува со ширење на националната мрежа на јавно достапни полначи за електрични возила, која во моментов брои повеќе од 40 полначи.
 

Содржината е прочитана 202 пати.