Инфо

„Македонија2025“ објавува повик за стипендирање на десет талентирани студенти

Фондот за поддршка обезбеди средства да помогне на талентирани млади од Македонија во периодот од 2019-2022, во износ од 60.000 денари по стипендист за една година

вторник, 12 февруари 2019

Меѓународната невладина организација „Македонија2025“ објави повик за стипендирање на 10 талентирани студенти за тековната 2019 година. По успешно завршениот пилот-проект минатата година, Фондот за поддршка обезбеди средства да помогне на талентирани млади од Македонија во периодот од 2019-2022, во износ од 60.000 денари по стипендист за една година.

„Оваа програма ќе обезбеди финансиска и менторска поддршка на 10 талентирани студенти во текот на четиригодишен период, со цел да го стимулира нивниот професионален и личен развој. На повикот добредојдени се да аплицираат средношколци со просечен успех 5.00, односно студенти со просек над 9.00 кои имаат освоено награди и признанија, при што предност ќе имаат оние кои доаѓаат од социјално ранливи семејства“, изјави Маја Сталеска, координатор на програмата во „Македонија2025“.

Еден од минатогодишните стипендисти на Фондот за поддршка на талентирани студенти, Давид Лазароски од Прилеп вели дека токму ваквиот тип на помош е она што им е потребно на младите во земјата.

Крајниот рок за прием на апликациите е 20 март. Апликациите ќе ги разгледува комисија составена од истакнати членови и партнери на „Македонија2025“.

 

Содржината е прочитана 177 пати.