Бизнис вести

Електронското издание на Бизнис каталог на Р.Македонија 2019 - богатство од атрактивни содржини

вторник, 12 февруари 2019

Зимското издание на Бизнис каталог на Република Македонија 2019 веќе може електронски да се листа на порталот на агенција „Марили“ www.marili.com.mk. Електронското издание донесува богати содржини - во воведниот дел го отсликува европскиот лик на нашата земја преку темата „Мултиетничкиот белег на Македонија вграден во европската културна ризница“, преку бројни бизнис интервјуа, со посебна посветеност кон промоција на женското менаџерство и на се што е поврзано со здравјето и убавината на жената, но и разговори со значајни личности од областа на културата и спортот.

Каталогот останува како траен белег на едно време на транзиција на нашето општество, бидејќи го одржа континуитетот од 23 години, опфаќајќи ги сите општествени и економски промени кои евидентно се дел и од бизнисот кој е движечка сила на напредокот на државата.

Каталогот кореспондира со бизнис заедницата во нашата земја, со нашата дијапора, но и со Европа и со светот и има за цел да ја подобри комуникацијата помеѓу деловните субјекти и да ги покани да инвестираат во Македонија.

Со овој проект ја подобуваме перцепцијата за нашата земја како европски ориентирана кон културните и бизнис-можностите.

 

Содржината е прочитана 308 пати.