Мода

Елена Лука во хумана мисија

Елена Лука, останува доследна на својата максима Модерни и хумани- го оствари сонот на Анастасија Чадо, која боледува од Церебрална парализа.

вторник, 25 ноември 2014

Елена Лука, останува доследна на својата максима Модерни и хумани- го оствари сонот на Анастасија Чадо, која боледува од Церебрална парализа. Анастасија е втора година, Дизајн, на Европскиот факултет.

Таа во Елена Лука дојде на стручна пракса. Претседателот на Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби Дајте ни крилја, Ребека, ни раскажа за сонот на Анастасија. Елена Пандева генералниот менаџер на Елена Лука, заедно со целиот тим помогна во реализацијата на нејзината желба.

Колекцијата, е на тема Вода, составена е од 9 долги тоалети, кои со формата и бојата успешно ја доловуваат тематиката. Идејата е на Анастасија, Елена Лука помага во целиот концепт, вклучувајќи: корекција на скици, моделирање и изведување на модели.

Анастасија со својата колекција ќе се претстави на Бал на различности, во четврток 27.11.2014 во МНТ. Елена Лука, ја организира целата техничка подршка, која вклучува пропаганден материјал, музика и електронски каталог за самата ревија. 

Содржината е прочитана 506 пати.