Бизнис вести

Пад на еврото во однос на доларот

петок, 08 февруари 2019

Вредноста на еврото падна во однос на доларот на меѓународните пазари откако беа објавени информациите за падот на индустриското производство на германската економија четири месеци по ред. Во такви околности, со еврото се тргуваше по цена од 1,1346 долари, односно вредноста му ослабела за 0,2 отсто во споредба со доларот, што претставува најниска цена во изминатите две недели и е на пат да ја забележи најголемата неделна загуба во повеќе од четири месеци.

Филип Ве, валутен аналитичар во ДБС смета дека цената на еврото оваа година најверојатно ќе се намали под 1,10 долари поради послабиот раст во Европа и пониските изгледи за инфлација во споредба со САД.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најзначајни светски валути, утрово беше во мал плус во однос на претходното затворање, на 96.60 поени, со оглед на тоа што преовладуваат глобални трговски тензии.
 

Содржината е прочитана 119 пати.