Бизнис вести

Во јануари помал промет на Македонската берза

Класичното тргување е намалено за 12,97 проценти и изнесува 257.475.051 денари. Притоа се истргувани акции во вредност од 252.860.997 денари и обврзници во вредност од 4.614.054 денари

четврток, 07 февруари 2019

Паднал прометот со акции во јануари годинава во однос на претходниот месец, објави Македонската берза. Според податоците, вкупниот промет од 1 до 31 јануари 2019 изнесувал 489.310.274 денари и е за 24,63 отсто намален во однос на декември 2018 година. Затоа, пак, за 89,25 проценти се зголемени блок трансакциите во јануари во споредба со декември и изнесувале 201.888.437 денари.

Класичното тргување е намалено за 12,97 проценти и изнесува 257.475.051 денари. Притоа се истргувани акции во вредност од 252.860.997 денари и обврзници во вредност од 4.614.054 денари.

Најтргувани акции на официјалниот пазар во јануари се на Комерцијална банка, потоа е Алкалоид АД Скопје, а на трето место е Макпетрол АД Скопје.

Реализирани се 284 трансакции со акциите на Комерцијална банка, што претствува учество од 29,56 проценти од вкупниот промет на Берзата, на Алкалоид се реализирани 208 трансакции, односно 24,17 отсто од прометот, а на Макпетрол 152 трансакции и 11,46 проценти учество во вкупниот промет.

Најголем пораст во текот на јануари е забележан кај акциите на Арцелормитал, дури 40 проценти, а најголемо опаѓање кај Макотекс – 60 проценти.
 

Содржината е прочитана 77 пати.