Култура

„Дваесет и првиот“ од Томислав Османли преведен на руски јазик

Романот „Дваесет и првиот“ од Томислав Османли деновиве излезе од печат во превод на руски јазик. По иницијатива и во превод на Олга Панкина, наградениот македонски роман го објави издавачката куќа „Рудомино“ од Москва.

вторник, 10 ноември 2015

Романот „Дваесет и првиот“ од Томислав Османли деновиве излезе од печат во превод на руски јазик. По иницијатива и во превод на Олга Панкина, наградениот македонски роман го објави издавачката куќа „Рудомино“ од Москва.

Романот е објавен како трета книга во едицијата „Македонскиот роман на 21 век“ којшто го замисли и го реализира Панкина.

Рускиот превод на прозната книга на Османли ќе биде претставен на претстојниот, 17. Меѓународен саем на книгата „Non / fiction”, кој од 25-ти до 29 ноември ќе се одржува во Москва.

Романот „Дваесет и првиот“ ја предводеше листата македонски романи во кампањата „Десет романи на 21-от век“, која во 2012 година беше претставена на големиот меѓународен московски саем на книгата.

Преводот на книгата е помогнат со средства на Министертвото за култура на Македонија од фондот за поддршка на објави на домашни дела во странство. Досега романот беше објавен во Хрватска, Црна Гора и во Србија.

(Преземено од МИА) 

Содржината е прочитана 507 пати.