Инфо

Австриски медал на честа за професорот Милорад Јовановски од Градежниот факултет

Австриската асоцијација на инженери и архитекти му го додели признанието Голем Златен Медал на Честа на македонскиот професор на свеченото отварање на VÖBU FAIR – најголемиот геотехнички саем во Виена

среда, 06 февруари 2019

Австриската асоцијација на инженери и архитекти му го додели признанието Голем Златен Медал на Честа (Great Gold Medal of Honour) на проф. д-р Милорад Јовановски од Градежниот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” за неговиот исклучителен научен и практичен долгогодишен придонес во развојот на инженерската геологија и геотехниката.

Јовановски го прими признанието на 31 јануари 2019 година на свеченото отварање на VÖBU FAIR – најголемиот геотехнички саем во Виена, поточно на 12. Австриска геотехничка конференција посветена на „таткото” на современата механика на почви, Карл Терцаги.

Great Gold Medal of Honour претставува највисока награда на Австриската асоцијација и досега е доделена само 3 пати, прв пат во 1995, потоа во 2011 и оваа година на македонскиот професор Јовановски.

Признанието што го доби професорот од Градежнот факултет во Скопје е резултат на долгогодишната соработка меѓу Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” и Технолошкиот Универзитет од Виена. Оваа соработка досега резултира со голем број активности помеѓу Македонија и Австрија на ниво на науката, високото образование и инженерството, чиј активен промотор со години е токму проф.д-р Милорад Јовановски.
 

Содржината е прочитана 76 пати.