Инфо

Градот Скопје ќе додели стипендии на 105 спортисти-средношколци

Стипендијата во вкупен нето износ изнесува 24.000 денари, а јавниот повик трае до 14 февруари годинава

вторник, 05 февруари 2019

Вкупно 105 средношколци од Скопје кои се талентирани спортисти ќе добијат стипендија во тековната 2019 година. Градот Скопје и годинава ќе додели стипендии на спортисти – средношколци кои се жители на Скопје и учат во скопските средни училишта, со цел да ја зголеми мотивираноста кај младите и талентирани спортисти. Висината на стипендијата во вкупен нето износ е 24.000 денари.

Јавниот повик за доделување стипендии на спортисти – средношколци за 2019 година е објавен денеска, а ќе трае 10 дена, до 14.2.2019 година. Право на добивање стипендија имаат сите редовни или вонредни ученици во средно учлиште на подрачјето на град Скопје кои треба да се државјани на Република Македонија, да се жители на Скопје, да се активни спортистки или спортисти, членови на спортски клубови од подрачјето на град Скопје и да се регистрирани во националните спортски федерации во Македонија, да имаат високи спортски достигнувања во претходната 2018 година и во 2019 година, се до завршувањето на јавниот повик.

Јавниот повик може да се погледне на веб-страницата на Град Скопје http://skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=654, а дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви 02/3297-238 и 02/3297-320.

Пријавите треба да се достават до Град Скопје, преку пошта на адресата бул. „Илинден“ бр. 82, 1000 Скопје, или во архивата на Град Скопје (барака број 16) секој работен ден, а најдоцна до 14.02.2019 година до 19 часот.

 

Содржината е прочитана 195 пати.