Бизнис вести

Сани Шенер, главен извршен директор на ТАВ, одликуван со Медал за заслуги за Македонија од претседателот Ѓорге Иванов

Шенер беше избран на првото место во категоријата „Најдобар главен извршен директор“ во Турција во 2010, 2011, 2014, 2015 и 2016 година, а трет во рамки на Европскиот транспортен сектор во 2014 година

понеделник, 04 февруари 2019

Главниот извршен директор на ТАВ Аеродроми и претседател на Управниот одбор, Сани Шенер денеска е одликуван со Медал за заслуги за Македонија од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Шенер утрово пристигна во државата со своето семејство и извршни директори на ТАВ Аеродроми од Истанбул за да го прими ова одликување кое се доделува за постигнати резултати што придонеле за значаен развој и афирмација на Република Македонија во сите сфери на живеењето и работењето, како и за развој на пријателските односи меѓу Македонија и Турција.

На свечената церемонија во вилата „Водно“ присуствуваа и амбасадорката на Турција во Скопје, Н.Е. Тулин Еркал Кара и директорите на ТАВ Македонија.

„Навистина ми е чест што го добивам Медалот за заслуги за Македонија и би сакал да ја изразам мојата голема благодарност до претседателот Иванов и до македонската држава. Постојат блиски историски и културни врски меѓу Турција и Македонија кои датираат векови наназад. Како ТАВ, ги презедовме операциите на скопскиот и охрискиот аеродром во 2010 година и оттогаш до сега инвестиравме речиси 120 милиони евра во нивниот развој. За 8 години бројот на патници се зголеми за речиси 4 пати, на 2,3 милиони патници во 2018 година. Бројот на дестинации од скопскиот аеродром се зголеми од 15 на 38, а бројот на летови од Истанбул кон Скопје од 4 се зголеми на 19 лета неделно. Волуменот на трговска размена меѓу двете земји е околу 500 милиони американски долари, а турските компании имаат инвестирано 1,2 милијарди долари во Македонија. Верувам дека соработката и добрите односи меѓу Турција и Македонија ќе продолжат и понатаму. Им се заблагодарувам на сите наши вработени, како и на сите засегнати страни за успехот на македонските аеродроми, кој исто така придонесува за вкупниот економски развој на земјата и верувам дека и во иднина ќе славиме многу успеси заедно со нашите пријатели во Македонија“, изјави Сани Шенер, главен извршен директор и претседател на ТАВ Аеродроми.

Мустафа Сани Шенер е првата личност од бизнис секторот и првиот претставник на заедницата на странски инвеститори кој е одликуван со Медал за заслуги за Македонија од страна на Иванов. Тој е главен извршен директор на ТАВ Аеродроми, член на Одборот на директори и претседател од 1997 година. Шенер е машински инженер, магистрирал на Универзитетот во Сасекс во Велика Британија, а се стекнал и со титулата Почесен доктор по инженерство од KTU за неговите непроценливи придонеси за развој на турското инженерство на меѓународно ниво, како и со почесен Докторат за бизнис администрација од Универзитетот Њу Хемпшир за неговите достигнувања во управувањето со проекти и управувањето со ризици во текот на неговиот мандат во ТАВ. Ја посетувал извршната образовна програма за управување со комплексни системи на Институтот за технологија во Масачусетс, има одржано предавања на MBA-програмата при Бизнис школата на Харвард за Студија на случај за ТАВ Аеродроми од HBS.

Шенер, исто така е член и на Одборот на директори на Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International – ACI World), а избран е и за претседател на Одборот на турско-францускиот бизнис совет за надворешни економски односи во 2012 година. Во 2016 година тој беше одликуван со Легијата на честа од страна на претседателот на Франција, Франсоа Оланд за неговите придонеси кон односите меѓу Турција и Франција, а му беше доделено и Признание за високи заслуги од страна на грузиската држава.

При гласањето спроведено од „Томсон екстел“ меѓунационални и меѓународни финансиски корпорации, Шенер беше избран на првото место во категоријата „Најдобар главен извршен директор“ во Турција во 2010, 2011, 2014, 2015 и 2016 година, а трет во рамки на Европскиот транспортен сектор во 2014 година.

 

Содржината е прочитана 208 пати.