Инфо

Горивата поскапуваат за половина до 1,5 денари од литар

понеделник, 04 февруари 2019

Нафтените деривати од ноќеска по полноќ се зголемуваат од половина до денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Бензините ќе поскапат за половина и за еден денар, додека за 1,5 денари од литар ќе поскапи дизелот.

Според одлуката, цената на Еуросупер БС-98 се зголемува за 0,50 денари за литар и од ноќеска на полноќ ќе чини 63,50 денари за литар, Еуросупер БС-95 ќе поскапи за еден денар и ќе се продава за 62 денари за литар, додека Еуродизелот (Д-Е V) ќе поскапи за 1,50 денари и литар ќе чини 60 денари.

За еден денар ќе се зголеми и цената на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 48,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,599 денари од килограм и ќе изнесува 31,121денари за килограм.

Зголемувањето на цените на нафтените деривати се должи на покачената цена на суровата нафта на светските пазари и на повисокиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период.

 

Содржината е прочитана 144 пати.