Инфо

Споменик на Горан Стефановски ќе биде поставен спроти „Идадија“ во Дебар маало

петок, 01 февруари 2019

Драматургот Горан Стефановски ќе добие свое спомен обележје во скопско Дебар маало. Советниците на Општина Центар ја усвоија иницијативата на Македонската академија на науките и уметностите за поставување спомен обележје на драмскиот писател и член на МАНУ надвор од работниот состав, Горан Стефановски. Спомен-обележјето ќе се наоѓа на триаголниот парк во Дебар маало, спроти ресторанот „Идадија“, соопштија од Општина Центар.

Советниците на седницата ја усвоија измената на Програмата за одбележување значајни настани, истакнати личности и маалски традиции со спомен обележја во Општина Центар. Во рамки на ова е усвоена и иницијативата на МАНУ.

Горан Стефановски е еден од најплодните и најпознати драмски автори не само во Македонија туку и пошироко во регинот, а неговите драмски текстови се играат на сцени и низ Европа. Зад него остануваат антологиските „Диво месо“, „Тетовирани души“, „Дупло дно“, „Лет во место“ и многу други.
 

Содржината е прочитана 206 пати.