Инфо

Зоолошката градина во Скопје ќе добие Бејби Зоо

Во зарадена мини зоолошка градина ќе има мали безопасни животни каде децата ќе можат да се запзнаат и да си играат со нив

петок, 01 февруари 2019

Зоолошката градина во Скопје ќе добие мини зоолошка градина за најмладите. По теркот на европските и светските зоолошки и во скопската ќе се отвори Бејби Зоо.

Станува збот за заградена мини зоолошка градина каде што ќе има мали безопасни животни и каде што децата во присуство на зоо-негувател ќе може поинтеркативно да се запознаат со животните, да си играат и да се фотографираат со нив.

„Целта е децата уште од мали да ја почувствуваат љубовта и грижата кон животните. Доколку уште од мали нозе научат како да се грижат за нив, сигурно е дека кога ќе пораснат ќе ја имаат онаа зоо-култура која сега недостасува кај нас“, изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.
 

Содржината е прочитана 234 пати.